Ужас: Тренер сексуално злоставувал малолетни спортисти - ги снимал во соблекувална!

Адам Ричард Џејкобс кој е 35-годишен американски тренер по гимнастика доби казна затвор од десет години поради сексуално злоставување на малолетни гимнастичари и гимнастичарки.

Џејкобс работел како тренер во гимнастички клуб во Колардо и бил обвинет за повеќе случаи за злоставување на малолетни спортисти во период од 2018 до 2023 година.

Идентитетот на жртвите е заштитен поради тоа што се малолетни, но познато е дека биле од двата пола. Тие пријавиле дека Џејкобс се заканувал и манипулирал со жртвите со што спречил тие да го пријават од почетокот.

Како што се открива, тој имал скриена камера во соблекувалната каде што ги снимал спортистите, но и останатите корисници на спортскиот центар на кој бил и еден од сопствениците.