Поранешен НБА кошаркар стана највисок фудбалер во светот

Поранешниот НБА кошаркар Павел Подколжин сана највисок фудбалер во светот откако заигра за екипата на Амкал во Купот на Русија.

Подколжин кој е висок 226 сантиметри професионалната кошаркарска кариера ја заврши во 2019 година, а од 2004 до 2006 година беше дел од Далас за кој собра шест настапи.

По завршувањето на кошаркарската кариера се посвети на фудбалот и денеска имаше прилика за настап со што стана највисокиот фудбалер кој заиграл на официјален натпревар.

Подколжин беше стартер во натпреварот од Купот на Русија во кој неговиот тим играше против Калуга.

Фото: Pavel Podkolžin / Instagram