Ветеранот Боатенг ќе бара нов клуб, доби отказ во Австрија

Некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот на својата позиција, Жером Боатенг остана без куб откако го раскина договорот со ЛАСК.

Поранешниот репрезентативец на Германија и освојувач на Светското првенство од поодамна не игра во добра форма, а дополнителен проблем за него беа повредите.

Во дресот на ЛАСК одигра само 14 натпревари и го раскина договорот кој му важеше до 2026 година.

„Жером во текот на својот престој во ЛАСК се однесуваше професионално и даде се од себе за со своето искуство да помогне на екипата. Посебно имаше важна улога за нашите млади фудбалери кои ги поддржуваше и мотивираше и сакаме да му се заблагодариме на тоа. Му посакуваме се најдобро во неговата понатамошна кариера“, изјави спортскиот директорн Ласк, Дино Буриќ.

Во својта кариера која ја започна во германска Херта, Боатенг играше уште за: Хамбургер, Манчестер сити, Баерн Минхен, Лион и Салернитана.

Фото: FC Bayern München/X