Ѓоковиќ почна да танцува од среќа во моментот кога пристигна во Њујорк (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во одлично расположение ја започна својата нова авантура на Ју-Ес опен – пристигна на терените на „Флешинг Медоус“ танцувајќи од среќа, пред да се прегрне со една од организаторките на турнирот.

Српскиот ас, кој оваа година цели кон својот 25-ти грен слем трофеј, по Вимблдон направи пауза и сега се враќа освежен и подготвен за испишување историја. Првиот негов настап ќе биде во мешани двојки со сонародничката Олга Даниловиќ против Мира Андреева и Данил Медведев, а можно е потоа да следи мегдан со Алкарас и Радукану.

За Ѓоковиќ ова е јубилејна 20-та година од дебито на американскиот грен слем, каде [to четири пати го има кренато шампионскиот трофеј. Годинава, заедно со Јаник Синер, тој е единствениот што успеа да стигне до полуфинале на сите три досегашни гренслема.