
Македонија без Мекиќ и во последниот натпревар од претквалификациите
Тој не играше ниту на претходниот дуел со Романија поради повреда на коленото која се уште не е санирана.
„Проблемите кои почнаа уште при гостувањето во Романија, се посилни од мојата желба за играње. Лекарскиот тим констатираше дека станува збор за истегнување на лигамент на десното колено, и нивните препораки се дека треба да поминам десетдневен лекарски третман за да биде санирана оваа ситуација, која за жал ме одвои од тимот во оваа фаза од претквалификациите. Тука сум со тимот, остануваме оптимисти пред дуелот со Унгарија“, рече Мекиќ.
Македонија ги загуби шансите за пласман во квалификациите, а утре против Унгарија ќе се обиде да дојде до првата победа во овој циклус.