
Финалето траеше само 23 минути: Синер му предаде на Алкараз!
Шпанецот во тој период го прегази својот голем ривал, водеше со 5-0, но Синер одлучи да ја прекине агонијата, предизвикана од, како што можеше да се слушне, болест. На своите лекари тој им рече дека се обидел, но дека не успеал и потоа за својата одлука го информира судијата. Додека играше, Синер неколку пати се фати за стомакот и половината од што може да се заклучи дека чувствува болкиу во тој предел од телото.
Со ова Алкараз заработи 1.000 бода, додека Синер загуби 550, па разликата меѓу нив сега изнесува помалку од 2.000 бода, во пресрет на УС Опен кој почнува в понеделник.