
Синер: Им се извинувам на гледачите, од синоќа не се чувствувам добро
Мечот траеше само 23 минути бидејќи Италијанецот предаде поради здравствени проблеми, при негатива од 0-5 во првиот сет. При доделувањето на наградите, тој објасни што се случувало претходното деноноќие.
„Обично почнувам од противникот, но денеска морам да почнам од вас - публиката. Многу, многу ми е жал што ве разочарав. Од вчера не се чувствувам добро, мислев дека во текот на ноќта состојбата ќе се подобри, но таа се влоши. Се обидов да излезам на терен и да одиграм барем покрај меч, но не можев да издржам. Навистина ми е многу жал за сите вас, знам дека некои мораа да земат слободен ден од работа или да ги одложат своите обврски“, рече Синер.
Сега во опасност е првото место на АТП листата кое најверојатно ќе го загуби ако не ја одбрани титулата во Њујорк.