Ливерпул продаде уште еден играч, ја надмина границата од 200 милиони евра

Актуелниот шампион во Премиер лигата, Ливерпул летово беше најактивен на трансфер пазарот од сите гиганти во европскиот фудбал.

Купи девет, а продаде осум фудбалери со тоа што се ослободи од уште седуммина кои не беа во плановите на Арне Слот и кои добија дозвола да си заминат како слободни играчи. Последниот кого Ливерпул го продаде е шкотскиот интернационалец Бен Доак кој денеска потпиша со Борнмут за 30 милиони евра откако пред три години дојде на Енфилд за само 700 илјади.

„Црвените“ летово имаа неколку спектакуларни излезни трансфери како оној на Луис Дијаз во Баерн за 70 милиони евра, на Дарвин Нуњез во Ал Хилал за 53 милиони и Џарел Кванса во Баер за 35 милионил. Вкупно од продажба на фудбалери заработи околу 210 милиони евра со што компензираше голем дел од потрошените 320 милиони, а најинтересно од се е што може дополнително да заработи бидејќи во сите излезни трансфери има клаузули за бонуси.