Нејмар по најтешкиот пораз во кариерата добил емотивно писмо од својот син (ФОТО)

Екипата на Сантос изминатата вечер го претрпе еден од најтешките порази во својата историја откако пред домашната публика загубија 6-0 од Васко Де Гама, а овој пораз посебно тешко му падна на Бразилецот Нејмар.

Нејмар не можеше да издржи и уште додека го напушташе теренот се расплака како мало дете, а во изјавата по натпреварот порзот го опиша како најтешкиот во неговата кариера и призна дека се срами.

Бразилецот како утеха добил емотивно писмо од својот син кој се обидел да биде силна поддршка за својот татко во тешкиот момент. Неговата порака Нејмар ја објави на социјалните мрежи.

„Добра ноќ, тато. Знам дека денес беше тежок ден за тебе и за нас, но сакам да знаеш дека во овие тешки моменти и кога никој не е покрај тебе, јас секогаш ќе бидам тука за тебе, да те поддржам. Ти не си само одличен татко, ти си идол, ти си мојата инспирација, дури и во деновите кога плачеш, сакам да знаеш дека те сакам многу. Секогаш имај го тоа на ум.“

„Запомни дека твоето семејство е тука покрај тебе за да те поддржи и да ти помогне во сите моменти, било да се тешки или добри. Ти си МОЈОТ татко и секогаш запомни дека јас сум тука за тебе. Сега сакам да ја кренеш главата и да се спротивставиш како што отсекогаш си правел и ќе продолжиш да правиш. Ти си неверојатен. Те сакам со целото мое срце. И никогаш не се откажувај од твојот најголем сон поради луѓе кои не те познаваат и не знаат кој си, затоа што ти СИ ПОСЕБЕН.“

„Не гледај на денешниот пораз како на неуспех, туку користи го како мотивација да бидеш подобар од вчера. Никогаш не заборавај: ТИ СИ НЕВЕРОЈАТЕН… “, стоело во писмото на синот на бразилската ѕвезда.