Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман - ќе го води 14. клуб во кариерата!

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман и тоа повторно на Кипар во екипата на Красава.

Станува збор за клуб кој сезонава ќе се натпреварува во најсилната конкуренција, а главната цел на Јаневски ќе биде да избори опстанок.

Дебито на клупата на новиот клуб, Јаневски ќе го има в недела кога на свој терен Красава ја стартува сезоната против екипата на АПОЕЛ. Договорот кој го потпиша е со важност до 31 мај 2026 година.

Последниот ангажман Јаневски го имаше исто така во Кипар каде што ја предводеше екипата на Неа Саламиссод каде што си замина на почетокот на оваа година. За Јаневски ова ќе биде 14-тиот клуб во кој ќе биде главен тренер, а исто така работеше и како помошник, но и како селектор на репрезентацијата на Македонја и стручниот штаб на Јужна Африка.