Илиевски со порака до клубовите: Овие момци се борци и работници – треба да играат повеќе!

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува натпреварот против Унгарија во кој е без резултатско значење затоа што веќе ги загубивме првите три натпревари и немаме шанси за борба за пласман на СП 2026.

Пред натпреварот со Унгарците, селекторот Марјан Илиевски истакна и дека еден од проблемите на репрезентацијата е слабата минутажа на нашите репрезентативци во клубовите, па испрати јасна порака да добиваат повеќе шанса.

„Најавеното на првиот наш прес беше тоа, да градиме тим за иднината. Меѓутоа мора да земеме еден факт кој е поразителен и ме загрижува, тоа е за ноемврискиот прозорец, е што се запознаваме овој месец, сите овие играчи не играат во едно високо натпреварување, или клубовите не играат меѓународни натпреварувања, па играчите немаат одредена улога во тимовите. Може да се случи она што не краси како енергија сега, да го продолжиме понатаму. Играчите кои се овде покажаа одредени квалитети, мислам дека требаа да имаат простор да добијат шанса во своите клубови, па така и клубовите да добијат од нив, но и ние како репрезентација, затоа што овие играчи не се штедат воопшто и се големи борци и работници“.

„Треба да земеме предвид дека се што минавме во еден временски период, беше во доста краток за сите ние кои сме дел од оваа репрезентација. Она кое што го мислевме уште првиот ден е дека играчите кои одговорија на нашиот повик, тренираат максимално коректно и го даваат својот максимум. Во разговорот кој го имавме со нив во текот на целиот тој тренажен процес е малата минутажа која ја имаат во клубовите за да може да дадат повисок квалитет.

Како квалитет на оваа селекција ја истакна тимската енергија и како што вели успеале да создадат хемија и покрај тоа што поминале многу малку време заедно. 

Забележително е од самиот почеток до сега е дека има одреден напредок, она кое јас го напоменав претходно е дека ќе не краси таа тимска енергија. Таа енергија е производ на она што е создадено како хемија во изминатиот краток период.

Македонија има проблем и со ефикасноста, па според Илиевски и тоа е важен фактор кога играме против поискусни селекции, токму какви што се Унгарија и Романија од нашата група. Квалитетот кој не го поседуваме во напад е нешто што во клучните моменти ни одредува мечот да „оди“ кај поискусната екипа, Тоа беше случај на претходните два меча со Романија. Ние работиме на самодовербата кај играчите, за да не допира до нив цел оној наш менталитет како јавност. Сето она кое тие го добиваат со разговор и тренажен процес, е работа за да добијат самодоверба која и тоа како им е потребна“

Иако натпреварот со Унгарија нема резултатско значење, нема дилеми дека неговите избраници ќе го дадат максимумот на теренот. 

„Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној на тренинг меѓу двете петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч гледаме го извадиме нашиот максимум. Па дај Боже и да победиме. На хартија сме далеку понеквалитетна екипа од Унгарија, во однос на искуство и на заеднички години, но ќе се бориме.

За екипата на Унгарија, таа е најискусна екипа и игра најдобра кошарка. Тие погодија се, ние имавме лош шут за три поени и вкупно реализација. Задоволен сум, без никакво правдање на нештата. Ќе стојам зад овие играчи, се додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб, ќе ја имаат мојата поддршка“

Натпреварот против Унгарија, Македонија го игра в среда со почеток од 19:00 часот во СРЦ „Кале“.