
„Дојдете заедно да почнеме нова страница од македонската кошаркарска историја!"
Натпреварот кој ќе се игра во СРЦ „Кале“ в среда од 19:00 часот е без резултатско значење, меѓутоа и покрај тоа од федерацијата испратија повик до навивачите да дојдат и во што поголем број да ги поддржат кошаркарите.
„Нашите репрезентативци со гордост ја претставуваат државата и ја носат одговорноста да се борат за нови успеси.
Поддршката од трибините секогаш била нашата најголема сила и мотив, па затоа веруваме дека и овој пат заедно ќе создадеме атмосфера на коректно навивање, достојна за големи спортски семејства.
Ве повикуваме да бидете дел од овој настан, и со вашето присуство да им дадете дополнителна енергија на нашите играчи. Заедно да отпочнеме да ја испишуваме следната страница во историјата на македонската кошарка“, повикуваат од КФМ.
Во првиот натпреварот Унгарија на свој терен славеше убедлива против избраниците на селекторот Марјан Илиевски со 96-58.