Хрватски голман во стилот на Спајдермен одбрани дури – четири пенали (ВИДЕО)

Екипата на Пиза се пласираше во следната рунда на Копа Италија, откако како гостин драматично го елиминира тимот на Чезена (2-1) на пенали со оглед што регуларниот дел и продолженијата завршија без голови.

Хрватскиот голман, Адријан Шемпер, беше херој на натпреварот, со оглед што во стилот на Спајдермен одбрани дури четири пенали.

„Беше тежок натпревар, но имав среќа што успеав да одбранам речиси сите удари од белата точка. Имаме тројца одлични голмани, сите подготвени за новата сезона. Сигурен сум дека со време ќе изгледаме уште подобро“, изјави Шемпер.

Младиот голман е „производ“ на Динамо Загреб, каде што има 12 настапи за првиот тим и позајмица во Локомотива. Потоа замина во Киево, а во Италија бранеше за Џенова и Комо. Пиза го донесе минатото лето за 2,5 милиони евра, со договор до 2027 година. Шемпер минатата сезона беше клучен играч во походот на Пиза до второто место во Серија Б, што на овој тим му обезбеди директна промоција во Серија А.