
ВИДЕОЛОТАРИЈА И НА 20 АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА
На 20 август – со почеток во 19:00 часот, во СРЦ „Кале“, машката сениорска репрезентација на Македонија го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар, овојпат против репрезентацијата на Унгарија.
Со овој меч, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе го затвори претквалификацискиот циклус за Светскиот Куп 2027 година.
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да придонесува за поголеми успеси во македонскиот спорт. Со верба, гордо и силно – и на 20.08 ќе навиваме за црвено-жолтите! 🔴🟡