
Артета смислил нова тактика, Арсенал сака да го искористи новото правило
Имено, Арсенал е опасен од корнери, па шпанскиот стратег ќе се обиде да го искористи правилото кое од оваа сезона е воведено во англискиот фудбал.
Голманите во Премиер лигата сезонава не смеат да ја задржуваат топката подолго од осум секунди, па поради тоа фудбалерите на Арсенал наизменично констатно вршеа притисок на чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед и тоа беше забележано на Островот.
Според новото правило, ако голманот ја задржи топката подолго од осум секунди противникот ќе добие корнер.
Кога ќе се погледне дека Арсенал минатата сезона беше тимот кој постигна најмногу голови по удар од аголот, дури 31, 11 повеќе од Ливерпул зад нив, оваа тактика на Артета и не е преголемо изненадување.
Fans spot Arsenal's sneaky new tactic in Man Utd clash as Mikel Arteta seeks to manipulate new Premier League rulehttps://t.co/LdSTO1yKbk
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) August 17, 2025
Фото: Arsenal FC/X