Глупост на фудбалер на Брера: Беше себичен и го спаси Пелистер! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брера попладнево го играат натпреварот против Пелистер во рамките од второто коло во ПМФЛ, а домашниот состав пропушти голема прилика да дојде до водство.

Причина за прпуштената прилика беше себичноста на Езенге кој играше со рака, па подоцна ја погоди мрежата, но доколку ја оставеше топката до својот соиграч тој ќе беше во идеална позиција и „еден на еден“ со голманот Јовчевски, па така со право беше лут на Габонецот.