Хитот во Премиер лигата од минатата сезона не се шегува – купи напаѓач од 30 милиони евра!

Напаѓачот Арно Калимуендо од редовите на Рен е ново име во екпата на Нотингем форест, потврди премиерлигашот.

Нотингем за неговите услуги плати сума од 31.5 милиони евра, а тој потпиша договор на пет години со што клубот потврди дека има големи амбиции и во новата сезона.

Калимуендо кариерата ја започна во ПСЖ, но таму не доби шанса, па брзо се пресели во Рен каде што постигна 40 голови подели 14 асистенции, минатата сезона ја заврши со 18 посигнати погодоци.

Тој е трето најскапо засилување во овој преоден рок за учесникот во Лига Европа оваа сезона, поскапи од него беа Омар Хачисон и Дан Ндоје.

Сезоната Нотингем ја започна на одличен начин со победа од 3-1 над Брентфорд.