Бизарен проблем: Дефанзивец во Премиер лигата се изнамачи со својот шорц (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фулам во 97. минута успеаа да дојдат до бод во натпреварот против Брајтон, а по овој натпревар внимание привлече и дефанзивецот на лондонскиот состав Калвин Баси.

Баси не беше стрелец на гол за својот тим, а за него се зборува порад неговиот шорц со кој имаше сериозни проблеми.

Имено, во најголем дел од натпреварот шорцот на Баси од некоја причина паѓаше, па тој цело време го креваше и тоа секако дека му претставуваше проблем.