И Лино Червар му посака среќа на ГРК Охрид (ФОТО)

Ракометниот клуб Охрид стартува ново поглавје, клубот сака да ја разбие тројката Вардар, Пелистер, Алкалоид и да се вмеша во врвот на македонскиот ракомет.

За почеток, ГРК Охрид лесно го освои струшкиот турнир и покажа мускули, но сериозните тестови допрва доаѓаат.

Ден по освојувањето на турнирот во Струга, на брод во Охридското езеро се случи официјалното претставување на тимот за новата сезона кој ќе биде предводен од тренерот Борис Ројевиќ.

На вчерашната свеченост меѓу гостите беше и легендарниот ракометен тренер, Лино Червар кој на Охрид му посака успешна сезона.