Деталите за повредата на Лукаку ѝ одговараат на Македонија!

Наполи денеска излезе со информации за повредата на Ромелу Лукаку која напаѓачот ја заработи за време на натпревар против Олимпијакос.

Лукаку е надвор од стројот на Наполи поради повреда, а се чини дека Конте и подолго време ќе биде без него.

Наполи денеска преку соопштение сподели дека по направените тестови е утврдено дека е сериозна повредата на Лукаку на левиот бутен мускул. Тој ја почнал програмата за рехабилитација, а ќе оди и на консултации за операција.

Според италијанските медиуми, се очекува Лукаку околу три месеци да биде надвор од теренот.

Доколку се остварат овие прогнози, тој ќе го пропушти квалификацискиот натпревар меѓу Белгија и Македонија кој е закажан за 10 октомври.