На тие милиони: Дончиќ проба на момче од Литванија да му „украде“ - 20 евра (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, повторно покажа зошто е миленик на публиката. откако по завршувањето на неодамнешниот пријателски меч против Летонија (88-100) одигран во литванскиот град Шиаулиаи, тој издвои време за своите најмлади фанови на кои им делеше автограми.

Едно од момчињата облечен во литвански дрес му подаде банкнота од 20 евра со молба да му се потпише, а Дончиќ одлучи да се пошегува – ја „зеде“ банкнотата и се сврте како да заминува. Сепак, веднаш се врати, ја потпиша и му подари момент, кој момчето ќе го памети цел живот.

Словенија пред стартот на ЕП 2025 ќе одигра уште еден пријателски натпревар и тоа на 21 август против Србија во Белград. Сè уште е неизвесно дали на терен ќе се појави и бекот на ЛА Лејкерс, кој претрпе полесна повреда на пријателскиот меч со Летонија.