
Барса победнички ја отвори сезоната, но Флик е бесен на своите фудбалери!
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Ханси Флик бил многу лут на своите фудбалери по натпреварот.
Тој смета дека играчите се премногу релаксирани оваа сезона, мислат дека се подобри од сите други.
Германецот не сака опуштање на своите фудбалери кои според него не смеат да потценат ниту еден противник.
Флик бара играчите на секој меч да бидат максимално фокусирани и да го даваат максимумот. Тој смета дека само така може да се остварат големи резултати.