
Судијата што го водеше англискиот Суперкуп ќе ѝ суди на Шкендија
Кавана вечер ќе биде главен судија на дуелот меѓу Лидс и Евертон во првото коло од Премиер лигата, а го водеше и минатонеделниот натпревар од Суперкупот на Англија, меѓу Кристал Палас и Ливерпул во кој тимот од Лондон направи изненадување и славеше на пенали со 5-4. Освен тоа, летово беше главен на уште два меча во квалификациите од Лигата Европа, меѓу АЕК Ларнака и Цеље на 31 јули и Утрехт и Сервет пред четири дена. Помошници на Кавана во Скопје ќе бидат неговите сонародници Дениел Кук и Ајан Хасин.
Своето деби во Премиер лигата, 39-годишниот судија го забележал на 8 април 2017 година, а ФИФА арбитар е од 2019.
За реваншот меѓу Лудогорец и Шкендија, во Разград на 28 август е назначен швајцарецот Урс Шнајдер.