Санчо ги одбира парите пред фудбалот, трансферот во Рома е пред колапс!

Се чини дека Рома нема да успее да го ангажира Џејдон Санчо иако постигна договор со Манчестер јунајтед за висината на обештетувањето.

Рома и Манчестер јунајтед си подадоа рака за трансфер на Санчо, но фудбалерот не ги договори личните услови.

Санчо во Манчестер јунајтед има неделна плата од 250.000 фунти и тој не планира да потпише за клуб кој ќе му даде помали примања од тие.

За Рома тоа е премногу, сега во игра влегува Бешикташ кој му нуди повеќе од италијанскиот клуб.

Англичанецот новата средина ја бира по парите, не по фудбалскиот проект, очигледно нема да има против и да седи на трибините на Олд Трафорд и да не игра додека му трае договорот со Јунајтед.