Спортскиот директор на Милан призна: Хојлунд и Влаховиќ се опции за нас

Откако неколку недели се поврзуваат со клубот, спортскиот директор на Милан, Игли Таре призна дека двајцата напаѓачи Расмус Хојлунд и Душан Влаховиќ се опции на кои размислува клубот во овој период.

„Росонерите“ размислуваат за засилувања во нападот, а одамна фокусот е ставен на играчите на Манчестер Јунајтед и Јувентус иако досега не е постигнат договор.

„Хојлунд е добра варијанта за нас, го разгледуваме, но трансфер пазарот е непредвидлив. Знаеме дека треба да ангажираме фудбалери кои би донеле нешто ново за тимот. Влаховиќ исто така е опција, тој е исклучително квалитетен играч“, вели Таре.

Влаховиќ има искуство со новиот тренер на Милан, Масимилијано Алегри со кого соработуваше во Милан, додека Хојлунд имаше една квалитетна сезона во Серија А, во тимот на Аталанта.