Поразот на Атлетико од Еспањол е историски и стави крај на една долга серија

Иако е прво коло, синоќешниот пораз на Атлетико од Еспањол стави крај на една неверојатна серија на мадридскиот тим во Ла Лига.

Тоа е прв пораз за Атлетико во воведното коло од нова сезона откако тренер на екипата е Диего Симеоне, а тој го води тимот од 2011 година. Последниот пораз во прво коло од шампионатот, Атлетико го доживеа две години претходно, во 2009 кога загуби од Малага со 0-3. Освен тоа, последниот пораз со пресврт за мадридскиот тим во прво коло датира од 2007 година кога на стартот загуби од Реал со 1-2.

Најдолгата серија без пораз во првото коло ја има Реал и таа трае од 2009 до 2024 година со тоа што може да продолжи оваа сезона, ако мадридскиот тим утре не загуби од Осасуна на домашен терен.