Тројца талентирани пливачи ќе ги бранат боите на Македонија на младинското СП!

Тројца македонски пливач(к)и ќе ја бранат честта на Македонија на Светското младинско првенство, што утре стартува во романскиот град Отопени.

Прв во вода ќе влезе олимпиецот Никола Ѓуретановиќ, кој ќе се натпреварува во најдолгите дисциплини – 400, 800 и 1500 метри слободен стил. Петар Цеков ќе плива во истите две најиздржливи трки, како и на 400 метри мешано, додека Софија Дамјанова ќе настапи на 50 и 100 метри делфин, како единствена претставничка во женска конкуренција.

Тројцата доаѓаат од ПК Вардар 2018, под водство на тренерот Горан Стаменов. Нивното учество е обезбедено благодарение на исполнетата строга норма за настап на овој престижен натпревар.