
Слот: На 2-2 и 20 минути до крајот секогаш прво го барав Жота...
Атмосферата за време на натпреварот на стадионот беше емотивна со оглед на тоа дека ова беше прв официјален натпревар на Ливерпул на „Енфилд“ по трагичната смрт на Жота.
На таа тема по натпреварот зборуваше и тренерот на „црвените“ Арне Слот.
„Зборувавме за фудбалот, но треба да кажеме и колку импресивно и моќно беше оддавањето почит денеска. Тука сум една година и јас слушнав „You'll Never Walk Alone“ многу пати, но денеска беше посебно моќно.
Им кажав и на фудбалерите...Вообичаено при 2-2 на 20 минути до крајот, првиот фудбалер кој го барав беше Жота. Но, сега не можев да го најдам од ужасни причини“, емотивен беше Слот.
Како што е познато, Жота и неговиот брат, Андре Силва го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија пи враќањето на Португалецот од летниот одмор на подготовките на „црвените“.