
Шешко подготвен за деби - ќе игра против Арсенал
В недела „ѓаволите“ играат дерби дуел против Арсенал, а менаџерот Рубен Аморим соопшти дека Словенецот ќе биде во екипата.
„Навистина сум среќен поради доаѓањето на Шешко бидејќи сметам дека тој може да игра на различни позиции и долго време во иднина. Верувам дека тој ќе испише историја во Манчестер Јунајтед, а очекувам да блесне веќе на дебито иако уште не знам дали ќе биде дел од стартната постава“, изјави Аморим.
Јунајтед во новата сезона ќе игра само во домашните натпреварувања откако минатата ја заврши на 15. позиција што е најлош пласман на клубот од формирањето на Премиер лигата.