
Бутел ќе го предизвика Охрид во финалето на струшкиот турнир
Кавадарчани го диктираа темпото речиси цел натпревар, на полувреме водеа со 20-15, но потклекнаа во последните три минути. По нивното водство од 29-28, Бутел постигна три гола по ред за водство од 31-29, негатива која Тиквеш не успеа да ја достигне во финишот од мечот.
Најзаслужен за триумфот на Бутел беше Филип Николов кој постигна девет гола, Спасовски додаде седум, а Коцев го предводеше Тиквеш со 11 бода.
Финалниот меч меѓу Охрид и Бутел е закажано за утре од 20:40 часот. Претходно, од 10:30 ќе се сретнат Струга и Раднички Крагуевац за петтото место, а за третата позиција ќе се борат Тиквеш и Бурса од 18:30 часот.