
Навивачите на Ливерпул со емотивна кореографија се простија од Жота и брат му (ФОТО+ВИДЕО)
На Енфилд се игра првиот натпревар по загинувањето на Диого Жота, па околу 50 илјади навивачи на домашниот тим се простија од португалскиот репрезентативец и неговиот брат кои пред нешто повеќе од еден месец загинаа во сообраќајна несреќа. Прво во еден глас ја испеаја химната на клубот „You'll never walk alone“ со бројни транспаренти со ликот и бројот на Жота, а потоа со едноминутно молчење им беше оддадена последна почит на двајцата.
За тоа време, на популарниот Коп беа испишани иницијалите и бројот на Диого Жота, а на соседната трибина на неговиот брат Андре Силва.