
Клуб кој летово веќе купи голман преговара со Димитриевски?!
Во претходниот период Димитриевски се поврзуваше со повеќе клубови, најчесто од Ла Лига, па сега во игра влезе и екипата на Селта која летово веќе доведе еден голман.
Имено, тие летово се засилија со Јонут Раду од Венеција, меѓутоа тренерот Клаудио Гиралдес не бил задоволенн од тоа што го прикажал во летните подготовки, исто така не е сигурен ниту во квалитетите на Иван Виљар и Марк Видал.
Но, јасно е дека еден од Виљар и Видал би морале да заминат за Селта да го доведе Димитриевски, меѓутоа таквиот процес во клубот наводно е веќе започнат, додека паралелно биле отворени и разговори со Димитриевски.
Се наведува дека раководството на Селта во Димитриевски гледа идеален кандидат за прв чувар на мрежата и нема намера да биде само посилна конкуренција, исто така и навивачите изразиле воодушевување по најавите дека Димитриевски е опција.
Димитриевски во Шпанија најмногу се прослави на голот на Рајо Ваљекано каде што пред доаѓањето во Валенсија одигра 191 натпревар во кои прими 236 погодоци.
Фото: Valencia CF/X