Салах не издржа, плачеше како мало дете (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах не можеше да ги сокрие емоциите по победата на својот Ливерпул над Бормут од 4-2 во рамките од првото коло во новата сезона од Премиер лгата.

Средбата помеѓу Ливерпул и Бормут кога е самиот натпревар во прашање беше и тоа како возбудлива, но исто така донесе и многу емоции бидејќи ова беше прв официјален натпревар за „црвените“ на „Енфилд“ по трагичната смрт на Диого Жота.

Салах беше негов соиграч и добар пријател, двајцата ја делеа соблекувалната пет години, па на Египќанецот не му беше лесно да се избори со емоциите. Голот кој го постигна во финишот за конечни 4-2 го посвети токму на Португалецот, а по натпреварот не можеше да ги задржи солзите.

Емоциите го совладаа во моментите кога од трибините се слушаше песна посветена на Жота.