Миовски жртва на глупоста на голманот на Жирона (ВИДЕО)

Maкедонскиот репрезентативец, Бојан Миовски денеска доби шанса од првата минута во дресот на Жирона, но не по негова вина беше заменет пред крајот на првото полувремето.

Имено, голманот на шпанскиот тим, Паоло Газанига имаше обид за дриблинг пред својот гол, но беше неуспешен, па мораше да го фаулира противничкиот напаѓач.

Сосема оправдано за ваквиот потег главниот судија го испрати предвреме во соблекувалната. Стратегот на Жирона, Мичел по ваквата ситуација одлучи токму Миовски да го напушти теренот за да влезе вториот голман.

За проблемите да станат поголеми се погрижи Палазон кој го реализираше пеналот со кој Рајо Ваљекано поведе со 1-3 пред крајот на првиот дел.