Партизан по неверојатна драма испадна од Хибернијан, од Европа се збогува и Хајдук! (ВИДЕО)

Младите момци на Партизан покажаа фантастична борбеност и пожртуваност на Хибернијан и херојски изгинаа, по 120 минути игра црно-белите победија со 3-2, но шкотскиот тим со вкупни 4-3 оди понатаму во Конференциската лига, и Хајдук играше продолженија, хрватскиот тим со 3-1 беше поразен од Динамо Тирана и со вкупни 4-3 за албанскиот тим елиминиран.
 

Партизан гостувањето во Шкотска го почна со два гола негатива, но предноста на Хибернијан беше надополнета уште во првото полувреме. Вукотиќ во 17. минута донесе водство за Партизан од 1-0, а Милошевиќ во 44. погоди за 2-0.

По 15 минути игра во вториот дел Боуи постигна фантастичен гол за 1-2, а три минути подоцна се зголемија проблемите за Партизан откако Симиќ заработи втор жолт картон.

Но, и покрај тоа Партизан жестоко напаѓаше во финишот од мечот, а таквиот притисок им успеа во 96. минута кога Костиќ даде гол за 3-1. Вкупниот резултат беше 3-3, па па мечот отиде во продолженија.

Во 100. минута Каден даде гол за 2-3, што остана и конечен резултат. Денешната победа за Партизан не значеше многу, Хибернијан оди понатаму, но навивачите на белградскиот тим можат да бидат задоволни од тоа што го одиграа нивните миленици.

Хајдук со предност од 2-1 го почна мечот во Тирана против Динамо, но не успеа да ја задржи.

Заберѓа во 14. минута даде гол за водство на Динамо од 1-0 и тоа беше резултат по 90 минути игра. Вкупно беше 2-2, па мечот отиде во продолженија во кои Хајдук влезе со фудбалер помалку бидејќи во 78. минута втор жолт картон доби Санјанг.

Хајдук со играч помалку преку Карачиќ во 99. минута израмни на 1-1. Но, албанскиот тим преку Кардаку во 109. минута го врати водството, а две минути подоцна гол даде и Бериша за конечни 3-1.