Синер првпат го победи Оже-Алијасим, Италијанецот оди во полуфинале!

Во четвртиот меѓусебен дуел, Синер првпат го победи канадскиот тенисер, Оже-Алијасим и се пласираше меѓу четирите најдобри на турнирот во Синсинати.

Оже-Алијасим важеше за крајно незгоден тенисер кога е во прашање Синер, но Италијанецот овојпат не само што победи, туку буквално го прегази својот противник.

Првиот сет Синер го доби со 6-0, а во вториот беше подобар со 6-2.

Во полуфиналето италијанскиот тенисер ќе игра со победникот од пресметката меѓу Атман и Руне.