
Синер првпат го победи Оже-Алијасим, Италијанецот оди во полуфинале!
Оже-Алијасим важеше за крајно незгоден тенисер кога е во прашање Синер, но Италијанецот овојпат не само што победи, туку буквално го прегази својот противник.
Првиот сет Синер го доби со 6-0, а во вториот беше подобар со 6-2.
Во полуфиналето италијанскиот тенисер ќе игра со победникот од пресметката меѓу Атман и Руне.