Милер се збуни, Индијанци го дочекаа во новиот клуб (ВИДЕО)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер ова лето одлучи да го напушти Баерн Минхен каде што ја започна кариерата и ќе продолжи во Ванкувер.

Милер потпиша договор со канадскиот тим кој се натпреварува во МЛС лигата, но она што го дочека на аеродромот при пристигнувањето дефинитивно не го очекуваше.

Имено, Германецот беше пречекан од познат музички бенд од земјата кој беше облечен како Индијанци, а по ликот на Милер можеше да се забележи дека е изненаден.