
Eвропа не памети поголем фаворит во битката за „Златната топка“ (ФОТО)
Минатата недела, „Франс Фудбал“ ги објави 30-те кандидати кои ќе се борат за наградата, а најмногу претставници доаѓаат од Пари Сен Жермен. Како најголеми фаворити се истакнуваа: Дембеле, Јамал, Салах и Витиња, но од вчера едно име посебно се издвојува.
Имено, Дембеле не постигна гол за ПСЖ во освојувањето на Суперкупот, меѓутоа на крајот беше прогласен за играч на натпреварот, па така сега важи за апсолутен фаворит. Претходно во сезоната, ПСЖ ги освои сите домашни трофеи и триумфираше во Лигата на шампионите, додека Дембеле се истакна како лидер на тимот.
Коефициентот според обложувалниците дека тој ќе ја добие наградата изнесува само 1.14 и не се памети кога последен пат еден кандидат имал толку низок коефициент. Зад него следи Јамал со 5.5, потоа Витиња со 21, па Салах со 26.
Фото: EPA