Германец шокиран во Грција – го дисквалификуваа затоа што се истуширал! (ВИДЕО)

Teнисерот Матс Розенкранц бил дисквалификуван од турнир во Грција поради тоа што одлучл да се истушира за време на неговиот меч.

Во спортот имало разни ситуации, но веројатно ова најбизарната причина за дисквалификација од еден турнир и досега вакво нешто не паметиме.

Имено, Германецот откако го добил првиот сет против Пјетр Орланд Флини со 7-5 побарал пауза да оди во тоалет каде што одлучил да се истушира поради високите температури.

Кога се вратил на теренот му било соопштено дека е дисквалификуван.

„Не знаев дека тоа е нелегално и забрането. Траеше само десет секунди“, изјавил тенисерот по мечот.

Организаторите на турнирот дополнително треба да објаснат зошто туширањето е забрането кога тенисерот не задоцнил и го почитувал дозволеното време за пауза.