Страшна сцена: Докторите го спасувале животот на фудбалер на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Натпреварот од англискиот куп за фудбалери до 21 година вчера беше прекинат и откажан по страшната повреда на младиот фудбалер Секу Коне кој останал без свест на теренот.

Младиот Коне кој е репрезентативец на Мали се здобил со тешка повреда на глвата во натпреварот на Манчестер јунајтед против Тамворт.

Повредата Коне ја заработи во финишот од првото полувреме по еден судир со противнички фудбалер, по што остана да лежи на теренот. Младиот фудбалер по ударот 15 минути бил без свест, а докторите на теренот брзо реагиале и му пружиле помош.

За среќа, Манчестер јунајтед неколку часа по натпреварот се огласи и информираше дека Коне се освестил и се наоѓа во стабилна состојба.