Бутел со гол во последната секунда ремизираше против Раднички

Eкипата на Бутел одигра реми 32-32 во натпреварот против Раднички Крагуевац во вториот натпревар на струшкиот ракометен турни.

Првото полувреме во најголем дел беше изедначено, а во финишот гостите од Крагуевац успеаа да дојдат до три гола предност од 18-15.

Македонскиот суперлигаш во вториот дел не дозволуваше противникот да се „одлепи“, а во последните моменти успеа да доје до реми со гол во последната секунда.

Претходно дденеска Охрид ја оправда фаворитката улога против домаќиот Струга со 31-23.