УЕФА жестоко го казни Партизан – му ја испразни касата и му затвори една трибина!

Екипата на Партизан доби жестока казна од УЕФА поради недолично однесување на навивачите на натпреварите со украинската Олександрија и шкотскиот Хибернијан во квалификациите за Лигата на конференции.

Црно-белите на следниот европски меч како домаќин ќе мора делумно да го затворат источниот дел од трибините – вкупно 10.000 седишта – и да платат парична казна од околу 100.000 евра. Казната е поради фрлање тврди предмети на терен, палење факели, користење ласери, поставување недозволени транспаренти, како и расистичко и дискриминаторско однесување на дел од навивачите.

Ако Партизан оваа сезона не одигра уште еден меч дома на европска сцена, делумното затворање на трибините ќе се префрли за следната сезона. Белграѓани утре ќе го одиграат реваншот од третото квалификациско коло против Хибернијан, по поразот во првиот натпревар во Белград (0-2).