
Ѓорческа со пресврт прегази грчка тенисерка на стартот на силен челинџер во Србија!
Македонката лошо го почна мечот, откако го загуби првиот сет, по што почна да игра далеку подобри и до крајот на противничката и отстапи само три гема. Со агресивна игра и со четири реализирани брејка, таа го доби вториот сет убедливо со 6-1, додека во одлучувачкиот дел од средбата прво загуби свој сервис, но возврати со освоени три на противничката за конечна победа.
Оваа победа доаѓа три дена по нејзиниот настап во финалето на фјучрс турнирот на истата локација, каде што не успеа да ја освои титулата. По елиминацијата на четвртата носителка на турнирот, Ѓорческа во следната рунда ќе се соочи со Русинката Дарија Астакова.