
Параглајдеристи настрадаа во Крушево – еден се закачил на дрво, друг паднал и тешко се повредил!
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), првиот инцидент се случил за време на индивидуален лет, во кој параглајдеристот, при обид да слета, се закачил на дрво високо околу пет метри и не можел безбедно да се спушти. Неколку часа подоцна, во истата област, друг параглајдерист паднал за време на летот. Лекарската екипа на терен констатирала тешки телесни повреди, обилно крварење и состојба на бесознание. Поради сериозноста на состојбата, било побарано итно хеликоптерско транспортирање до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
За да му се помогне на настраданиот спортисти, бил повлечен хеликоптер кој во тој момент учествувал во гаснење пожар во подрачјето Јасен, по што бил пренасочен кон Крушево за брза интервенција. Надлежните информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за безбедно завршување на спасувачките акции.