
На Брозовиќ му здодеа С. Арабија, Хрватот е пред враќање во Европа!
Според информацијата од овој медиум, Хакан Чалханогли од Интер ќе се пресели во Ал Наср, а тоа ќе го ослободи Брозовиќ од обврските со Саудијците и тој ќе се врати во Европа.
Како негов нов клуб се споменува Фенербахче, Жозе Мурињо сака да го засили клубот со искусен работник на теренот и во Брозовиќ го гледа идеалниот фудбалер за тоа.
Брозовиќ годишно заработува 24,2 милиони евра во Ал Наср, а ако замине се очекува клубот да му исплати и дел од големата плата која му следува со договорот. Тоа е праска која почнаа да ја прават саудиските клубови со цел да може да се ослободат од една ѕвезда, за да потпишат со друга.