Флик е во шок, една од најголемите ѕвезди си оди од Барселона!?

Пред почетокот на сезоната може да се случи заминување од Барселона кое ќе ги промени плановите на Ханси Флик.

Се работи за Роберт Левандовски кој размислува да ја напушти Барселона откако добил понуда од Саудиска Арабија која тешко се одбива. Двегодишен договор со плата од 50 милиони евра по сезона.

Сите очекуваа дека тој и во новата сезона ќе го предводи нападот на каталонскиот клуб, но работите може да се променат.

Името на саудискиот клуб уште не е откриено, но понудата е сериозна. 

Спортскиот директор Деко, сака што побрзо да ја слушне одлуката на Левандовски за да може соодветно да реагира на трансфер пазарот.

Од еден ваков трансфер сигурно и Барселона би заработила иако би продала фудбалер кој веќе има 37 години.