
Германците поради куче удрија по фудбалер на Шалке – бездушно го оставил и никогаш не се појавил!
Имено, според информациите на „Билд“ Сила за кучето немал никакви документи, ниту евиденција за примените вакции и како што се пишува успеал да го доведе во Германија на илегален начин од Фанција.
На почеокот на јули тој го оставил кучето во чуварница што и многумина сопственици на домашни миленичиња го прават кога одат на одмор. Но, за разлика од најголем дел од нив Сила никогаш не се појавил да си го земе кучето.
Луѓето од чуварницат на сите начини се обиделе да стапат во контакт со фудбалерот, но сите биле безуспешни. На крајот добиле одговор од вработен во Шалке.
„За жал фудбалерот веќе нема потреба од Гости“, бил одговорот кој го добила чуварницата.
Тогаш тие биле принудени да го одведат во азил за животни во Есен каде што вработените се обидуваат да им пружат грижа на миленичињата, но условите не се баш најдобри.
„Таму е бучно, стресно и непријатно. Сето тоа за кучето е нешто ново и застрашувачки. За среќа животното е во добра состојба и не е занемарено“, пишува „Билд“ додавајќи дека Сила во Шалке заработува околу 800.000 евра годишно.
Фото: FC Schalke 04