
Србија добива нов дрес, за првпат ќе игра во сино (ФОТО)
Во Србија оваа промена доаѓа непосредно пред натпреварите во септември во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
На социјалните мрежи веќе се појавија неофицијални фотографии од изгледот на новите дресови и според нив Србија за првпат од осамостојувањето ќе игра во сина боја. Последен пат во сина боја настапија на Мундијалот во 2006 година пред распадот на поранешната држава Србија и Црна Гора.
Синиот дес би бил втора гарнитура, додека на првиот би доминирала црвената со сини детали.
🇷🇸🇷🇸 Capelli Serbia 2025 Home & Alternative Home Kits Leaked - No More Puma: https://t.co/1IjfCyMw4g
— Footy Headlines (@Footy_Headlines) August 12, 2025