„Адидас“ му покажа на „Најк“ како треба: Новиот дрес на Ливерпул издоминирал

Од редовите на Ливерпул објавија дека новиот дрес направил вистински бум, а продажбата во споредба со дресот од минатото лето е неспоредливо поголема.

„Црвените“ објавија дека ова лето продажбата на дресовите е зголемена за неверојатни 700%, па јасно е дека „Адидас“ завршил одлична работа.

Минатото лето дресовите на Ливерпул ги израдуваше „Најк“, а пред неколку месеци Ливерпул потпиша десетгодишен договор со германскиот бренд вреден 60 милиони евра по сезона. Неодамна клубот ги промовираше дресовите кои ги воодушевиј навивачите, очекувано најмногу се продава дресот на Флоријан Вирц.

Веднаш зад него е дресот кој клубот специјално го направи за починатиот Диого Жота со „број  20“. Сите пари од продажбата на овој дрес одат во клупската фондација која ќе го носи името на Португалецот.

Фото: Liverpool.FC/FB